Сопствениците на приватни авиони сега можат да побараат од Федералната управа за авијација (ФАА) на САД да не ги објавува јавно нивното име, адреса и други податоци што ги поврзуваат со нивните авиони.
Со законската регулатива донесена минатата година се наложи на агенцијата да ги прифаќа таквите барања, потег што би можел да и отежни на јавноста да одреди кој поседува приватни авиони, како и да ги следи нивните движења.
Профилите на социјалните мрежи и други услуги со коишто се следат приватните авиони во последните години се интензивираа, нудејќи дури и замена за движењата на поединци од висок профил.
Прочитај повеќе

Почнува летниот ред на летање, а со тоа и нови авиолинии од Македонија
Од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три ќе сообраќаат со 10 чартер летови
29.03.2025

„Рајанер“ воведува програма за лојалност за помалку од 100 евра годишно
„Рајанер“ воведе програма за лојалност наменета за редовните патници, со што направи пресврт во однос на својот долгогодишен отпор кон концептот.
26.03.2025
Тие го навлекоа гневот на некои сопственици на приватни авиони. Главниот извршен директор на „Тесла“ (Tesla Inc.), Илон Маск, чиј приватен авион е широко следен, во неколку наврати се нафрли против трагачите на авиони. Откако Маск го купи Твитер (Twitter Inc.), најбогатиот човек на светот, а сега и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, ги забрани дел од профилите од стоцијалната мрежа, која сега се нарекува Х, а кои ја следеа локацијата на приватните авиони, вклучително и неговиот.
Адвокатите на поп иконата Тејлор Свифт минатата година побараа од истакнат трагач на авиони да престане да го следи нејзиниот приватен авион, наведувајќи ја како причина загриженоста за нејзината безбедност.
Националната асоцијација за бизнис авијација (НБАА), што инаку делува како лобистичка група, го поздрави потегот, велејќи дека Конгресот ја усвоил одредбата како признание дека „проследувањето на летот“ предизвикува сериозни грижи за „безбедноста на патниците и корпоративната шпионажа“.
„Безбедноста е огромен проблем за големите и малите компании низ целата земја“, рече извршниот директор на НБАА, Ед Болен.
ФАА во петокот соопшти дека ќе побара коментар од јавноста за новата мерка, вклучително и дали отстранувањето на информациите од јавните бази на податоци би влијаело на „неопходните функции“, како што се одржувањето и безбедносните проверки.
Агенцијата, исто така, проценува дали според зададените поставки треба да ги задржи деталите за сопственоста на приватните авиони и да обезбеди опција за сопствениците да ги вратат своите информации кога ќе има потреба за тоа, се вели во извештајот.