Милијардерот Илон Маск во средата изјави дека неговото време како формален советник на претседателот Доналд Трамп привршува, што го отвора прашањето за иднината на иницијативата за ефикасност на државната управа (DOGE), чиј иницијатор беше токму тој.
„Како што мојата ангажираност како специјален владин службеник се приближува кон крајот, сакам да му се заблагодарам на претседателот за можноста да придонесам за намалување на расипничкото трошење“, објави Маск на социјалната мрежа X, чиј сопственик е токму тој. „Мисијата @DOGE со текот на времето ќе станува сè посилна, бидејќи ќе прерасне во начин на работа на целата администрација“.
Според законот, Маск имаше статус на привремен службеник најдоцна до 30 мај, иако точниот датум зависи од бројот на денови што навистина ги поминал на функцијата. Висок претставник на Белата куќа, кој зборуваше под услов на анонимност, изјави дека Маск во средата вечер започнал процес за напуштање на функцијата и додаде дека станува збор за негова лична одлука, со поддршка од претседателот.
Прочитај повеќе

Илон Маск за „Блумберг“: „Мислам дека доволно направив“
На економскиот форум во Катар во интервју за „Блумберг“ Маск зборува за негативните реакции кон „Тесла“, регулацијата на ВИ и стапката на успех со администрацијата на САД.
25.05.2025

Планот на „Тесла“ да придобие купувачи меѓу поддржувачите на Трамп нема да даде плод
Ова не е првпат Маск да покаже дека не разбира како функционираат брендовите.
02.05.2025

Маск се враќа дома, во „Тесла“. Акционерите воодушевени
Илон Маск најави дека ќе ѝ посвети повеќе време на „Тесла“ и значително ќе ја намали својата улога во американската влада. Тоа ги израдува инвеститорите. Кои се плановите на „Тесла“?
23.04.2025

Лошо ѝ се пишува на „Тесла“ ако Маск остане во Белата куќа, вели познат аналитичар
Ден Ајвс смета дека Маск треба да се повлече од неговата контроверзна политичка функција.
21.04.2025

Политичарот Илон го уништува бизнисменот Маск
И додека шефот на „Тесла“, Илон Маск, работи „хонорарно“ во администрацијата на Трамп како „секач на владини трошоци“, акциите на неговата компанија стрмоглаво паѓаат.
18.03.2025

Како Маск планира да воведе ред во трошењето на американската бирократија
Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, сака да ја демонтира федералната бирократија и дури да елиминира најмалку едно федерално одделение.
14.11.2024
Маск неодамна во едно интервју ја критикуваше главната законодавна цел на администрацијата на Трамп – даночната реформа позната под името „Еден голем убав закон“ – оценувајќи дека таа не придонесува доволно за намалување на федералниот дефицит. Компанијата „Тесла“ (Tesla) исто така во средата вечер го критикуваше „ненадејното укинување“ на даночните олеснувања за енергетиката во САД, од кои имаше корист со години. Многу републиканци во Конгресот се залагаат за намалување на субвенциите за чиста енергија и соларни проекти за да се ублажат ефектите од законот за даноци и трошење.
Кампањата на Маск за драстично намалување на американската администрација силно одекна во Вашингтон: некои агенции беа укинати, а десетици илјади вработени беа отпуштени или поттикнати доброволно да заминат. Сепак, иницијативата не ги исполни амбициозните очекувања за заштеди.
Bloomberg
Трамп првично најави дека оваа иницијатива ќе трае до 4 јули 2026 година, оставајќи речиси 18 месеци за постигнување на заштедите што Маск првично ги проценил на два билиони долари. Подоцна таа цел беше намалена на еден билион, а потоа и на 150 милијарди долари.
Маск, кој има 53 години, во шега изјави дека неговата официјална титула во Белата куќа била „шеф за ништо“ и тврдеше дека не бил клучен за мисијата. Сепак, брзо стана главна цел на критичарите, кои укажуваа на непримерноста најбогатиот човек на светот да помага во демонтирање на државната администрација.
Ниту Трамп ниту Маск не објавија план за наследник на DOGE (Department of Government Efficiency). Проектот беше идеја на Маск, вклучувајќи го и акронимот, кој е омаж на интернет-мемето со кучето што со години беше предмет на неговата опсесија.
„DOGE е начин на живот, како будизмот“, се пошегува тој на еден брифинг, навестувајќи дека иницијативата ќе трае и по неговото заминување. „Буда веќе не е жив, а не прашувате: ‘Кој го води будизмот?’“
Неговите тројца најблиски соработници – Стив Дејвис, Антонио Грасијас и Ентони Армстронг – презедоа клучни позиции во Управата за општи услуги, Управата за социјално осигурување и Канцеларијата за управување со човечки ресурси. Тие агенции беа најактивни во спроведување на мисијата DOGE против измами и за намалување на трошоците.
Иницијативата DOGE се соочи со тужби поврзани со надлежностите и пристапот до податоци, а некои тврдења за постигнати заштеди се покажаа како неточни, што отвори прашања за одговорноста. Маск исто така беше критикуван поради потенцијален конфликт на интереси, имајќи предвид дека неговите многубројни компании веќе имаат значајни договори со федералните власти.
Политичката ангажираност на Маск предизвика загриженост меѓу инвеститорите поради последиците врз неговите компании, пред сè врз „Тесла“. Продажбата на возила падна на најниско ниво во речиси три години во текот на првиот квартал, а цената на акциите значително опадна, поради што многу аналитичари од Волстрит ги намалија своите прогнози за раст.
Возилата, салоните и полначите на „Тесла“ беа цел на протести и вандализам, а посебно беше критикуван моделот „сајбертрак“ (Cybertruck). Трамп и неговите соработници му изразија јавна поддршка на Маск, вклучувајќи настан во Белата куќа на кој претседателот разгледуваше различни модели на „Тесла“ пред да се одлучи да купи црвен „модел с“ (Model S) – што беше речиси без преседан.
Маск јавно призна дека му е тешко да балансира помеѓу бизнисите што ги води – „Тесла“, „Спејс екс“ (SpaceX), „Екс еј-ај“ (xAI Holdings), „Неуралинк“ (Neuralink) и „Боринг компани“ (The Boring Company) – и ангажманот во Вашингтон.
Во април им порача на инвеститорите дека наскоро ќе ѝ посвети „многу повеќе“ време на „Тесла“, што ја зголеми вредноста на акциите на компанијата. Претходно месецов за „Блумберг“ (Bloomberg) изјави: „Мислам дека веќе направив доволно“.