text size
Илон Маск, „министерот за кратење трошоци“ во администрацијата на Доналд Трамп и најбогат човек во светот (сѐ уште), деновиве веројатно и самиот не знае што да направи за да престане „кратењето“ на вредноста на неговата компанија „Тесла“ (Tesla Inc.), чии акции на берзата имаат стрмоглав пад во 2025 година. Дури и Трамп лично изјави дека ќе си купи „тесла“ за да го поддржи својот соработник. Всушност, падот на акциите на производителот на електрични автомобили, но и на батерии и соларни системи, почна уште од средината на декември 2024 година, пред сѐ поради послабите финансиски резултати од очекуваното, а тоа се совпаѓа и со моментот кога Маск му се придружи на тимот на Трамп, што првично донесе и краток блесок на акциите на „Тесла“ на берзата.