Владејачката партија на српскиот претседателот Александар Вучиќ подготви нацрт-закон со кој ќе се овозможи побрзо спроведување на проектот за недвижности што го поддржува Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, на една од најпознатите локации во Белград. Законот, кој веќе влезе во собраниска расправа, има цел да го поткрепи планот вреден 500 милиони долари на компанијата „Афинити партнерс“ (Affinity Partners) за изградба на хотел „Трамп тауер“ и луксузни станови во центарот на српската престолнина.
Партијата на Вучиќ, која има мнозинство во парламентот, предлага проектот да биде прогласен за национален приоритет „од значење за вкупниот економски развој“, се наведува во нацртот објавен на веб-страницата на Собранието.
Зелениот сектор ја враќа довербата на инвеститорите поради високите приноси
По долг период на разочарувања и длабоки падови, акциите на компаниите за чиста технологија силно закрепнаа, враќајќи ја довербата на инвеститорите во зелената економија.
Импулсот доаѓа некако неочекувано. Иако американскиот претседател Доналд Трамп укина многу од владините програми што го поттикнуваа развојот на енергијата од ветер и сонце и електричните возила, зелените акции беа меѓу најпрофитабилните инвестиции годинава. Нивниот раст далеку ги надминува повеќето берзански индекси.
Големи и мали: како се распоредени акционерите во македонските најтргувани друштва на берза?
Компаниите чиишто акции се најтргувани на Македонската берза имаат вкупна добивка од над 237 милиони евра во првите девет месеци од 2025, а најголем удел во неа имаат банките. Седум од десетте компании членки на македонскиот берзански индекс МБИ10 имаат раст на добивката, а кај трите преостанати намалувањето на профитот е незначително. Во услови на геополитички тензии и трговска војна ваквите резултати покажуваат дека компаниите од МБИ10 не се премногу засегнати од глобалните случувања и имаат потенцијал 2025 година да ја завршат со голем успех.
Истраживме колку големи и колку мали акционери имаат овие компании, односно кој најмногу се офајдува од добрите резултати и дивидендите што поголемиот дел од нив ги делат.
Компанија за електрични возила во подем - успеа да собере 1,8 милијарда долари во Хонгконг
Производителот на електрични возила „Серес груп“ (Seres Group Co.) собра 14,3 милијарди хонгконшки долари (1,8 милијарда американски долари), со што акциите за своето влегување на пазарот во Хонгконг ги постави на највисоката цена што ја имаше планирано, дополнително зголемувајќи го обемот на понудата. Акциите на „Серес“ што ќе бидат котирани во Хонгконг започнуваат со тргување в среда.
Ова е осмото котирање во Хонгконг оваа година, во кое се собрани повеќе од 1 милијарда долари. Вкупните приходи од листирањата во Хонгконг за оваа година веќе го надминаа очекуваното ниво од 26 милијарди долари, според процените на „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence) за 2025 година.
Мајката на „Гугл“ има интересни вести за европските инвеститори
Американскиот технолошки гигант „Алфабет“ (Alphabet), матичната компанија на „Гугл“ (Google), повторно се враќа на европскиот пазар на долгови, планирајќи продажба на обврзници со вкупна вредност од најмалку 3,5 милијарди долари (околу 3 милијарди евра). Ова е вторпат годинава како компанијата ќе искористи еврообврзници за финансирање на своите амбициозни проекти, особено оние што се поврзани со вештачка интелигенција (ВИ) и инфраструктура во облак.
Продажбата ќе се состои од шест различни серии на обврзници деноминирани во евра, со рокови на достасување од три до 39 години.
Реал Мадрид ја тужи УЕФА и бара милијарди: Суперлигата се враќа на голема врата
По речиси пет години правна и политичка војна околу проектот за Суперлига, Реал Мадрид отвори нов фронт, овој пат судски. Регионалниот суд во Мадрид ги отфрли жалбите од УЕФА, Ла лига и Шпанската фудбалска федерација и ја потврди претходната пресуда со која УЕФА беше обвинета за злоупотреба на својата доминантна позиција со блокирање на создавањето на Суперлигата во 2021 година.
Во практика ова значи дека Реал Мадрид, единствениот клуб што никогаш не се откажа од идејата за алтернативно натпреварување, доби отворен пат да бара обесштетување од УЕФА. Во официјално соопштение клубот наведе дека „ја поздравува одлуката на судот“ и дека има намера да бара „значајна отштета“ за нелегалното блокирање на проектот, која според одредени медиуми би била околу 4,5 милијарди евра.