text size
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американските мировни пратеници прашале дали Украина би била подготвена да се откаже од регионот Донбас, во источниот дел на земјата, во корист на Русија, во замена за членство во НАТО, што укажува на можна промена во преговарачката тактика на Вашингтон.
Додека целосната војна меѓу Украина и Русија во февруари се приближува кон крајот на својата петта година, администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да постигне напредок во мировните преговори со кои посредува.
„Ова беше првпат да се покрене вакво прашање“, им изјави Зеленски на новинарите во неговата канцеларија во Киев доцна во петокот, во врска со планот што ги вклучува регионите Доњецк и Луганск. „Со нашите партнери разговараме за сеопфатен безбедносен пакет што би можел да ни биде понуден во преговорите.“
Прочитај повеќе
Војната што Путин сакаше да ја задржи надвор од Русија сега стигнува на нејзина територија
Војната на Путин сега ги погодува и руските граѓани, откако тој им вети брза и славна победа.
11.11.2026
Мировни преговори за Украина, Европа се бори да не остане настрана
По деветмесечна пауза, во Абу Даби беа обновени трилатералните мировни преговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави
11.11.2026
Слабоста на Трамп и приближувањето кон Русија ја држат Украина во неизвесност
Прекинот на критичната сателитска поврзаност минатиот месец уште еднаш ѝ ги покажа на Украина ризиците од подлабоко намалување на американската поддршка.
09.11.2026
Како Путин ќе ја искористи ослабената позиција на Трамп по изборите?
Дали изборниот удар врз Трамп ќе ја промени судбината на војната во Украина?
04.11.2026
Зеленски изјави дека пакетот што го предложил Вашингтон вклучува конкретни безбедносни гаранции од НАТО и Европската Унија; силна украинска армија, што подразбира соодветен број војници, оружје и финансиска поддршка во точно определен временски период; како и план за обнова, поддржан со финансирање од јасно утврдени извори.
„Доколку американската страна ни го потврди токму ова, заедно со другите партнери од НАТО, тогаш ќе го прашам украинското општество што мисли: дали го прифаќаме или не?“, изјави Зеленски. „Немам право сам да ја донесам таа одлука.“
Зеленски изјави дека Киев бара безбедносни гаранции моделирани според Членот 5 од Северноатлантскиот договор на НАТО, како „апсолутен минимум“. Американските официјални претставници одговориле дека „тоа би можело да биде нешто слично на членовите 4 и 5 на НАТО“, рече Зеленски, додавајќи дека на Украина ѝ се потребни појасни информации.
„Моето прашање до американската страна беше: ‘Доколку ни дадете нешто слично на НАТО, дали американски војници ќе бидат на наша територија?’“, изјави Зеленски. „Нивниот одговор беше: ‘Не’.“
Американскиот предлог се засновал на билатерални безбедносни гаранции, слични на оние што ги има Израел, изјави украинскиот претседател.
Претходно оваа недела, американските пратеници Џаред Кушнер, зетот на Трамп, и Стив Виткоф се сретнаа со своите украински и руски колеги во Абу Даби на разговори кои, според сите страни, донеле одреден напредок. Иако Киев и Москва се согласија за значителна размена на воени заробеници, територијалните спорови и понатаму се далеку од разрешување.
На последователната средба во Москва во четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин им рече на Виткоф и Кушнер дека присуството на странски војници во Украина би ја загрозило безбедноста на Русија и дека тоа е неприфатливо. Кремљ долго време тврди дека проширувањето на НАТО во Источна Европа по распадот на Советскиот Сојуз ја загрозува руската безбедност и го наведува тоа како една од причините за руската инвазија на Украина во 2022 година.
Русија, исто така, се согласи претставници на Европската Унија да се приклучат на преговорите. Се очекува блокот да донесе одлука за своите пратеници до крајот на овој месец, изјави Зеленски.
Во меѓувреме, Киев се соочува со она што го смета за повремен притисок од Вашингтон да прифати неповолни мировни услови. Најновиот пример се ограничувањата за користење на „Старшилд“, сателитски комуникациски систем развиен од компанијата „Спејс екс“ на Илон Маск за воени цели.
Зеленски изјави дека терминалите на „Старшилд“ во моментов се под ограничувања во областите на Украина окупирани од Русија, што ја попречува украинската воздушна одбрана, која се обидува да пресретне руски дронови и ракети пред тие да стигнат до другите делови на земјата.