text size
Светското првенство во фудбал во 2026 година беше успешно за Американската фудбалска федерација, иако репрезентацијата на САД загуби од Белгија со 4:1 во осминафиналето, оцени извршниот директор на федерацијата Џеј Ти Батсон.
„Досега никогаш не сме влегле во натпревар од такво ниво, толку голем натпревар, со верба дека можеме да победиме“, рече Батсон за време на панел-дискусија на настан на „Блумберг“ (Bloomberg Power Players) во Њујорк. „Нашата можност е возбудата и замавот од ова лето да ги искористиме за создавање услови во кои на идните светски првенства, кога станува збор за машката репрезентација, ќе бидеме тим од кој се очекува победа.“
Настапот на американската репрезентација во САД ја отвори дебатата за младинскиот фудбал, каде што системот во кој родителите плаќаат за учество во клубовите е во остра спротивност со државните субвенции и професионалните академии на фудбалските клубови во Европа и во други делови од светот. Батсон и Енџи Лонг, сопственичка на тим од Канзас Сити (Kansas City Current) од Националната женска фудбалска лига, која исто така учествуваше на панелот, се согласија дека на американскиот систем му е потребна реформа.
Прочитај повеќе
Како една банка успеа да го спаси фудбалски гигант Депортиво Ла Коруња
По освојувањето на Ла Лига пред 26 години, клубот доживеа стрмен пад што го одведе во непрофесионалните лиги.
31.08.2026
Како судбината на фудбалски клуб може да ги влоши односите меѓу европска и блискоисточна сила
Шестиот клуб според висината на приходите во светот на фудбалот ја очекува пресудата во врска со 115 обвиненија за наводни прекршувања на финансиските правила на Премиерлигата.
28.08.2026
Турција ја купува фудбалската елита: од каде се стотиците милиони за новиот подем на Суперлигата
Душан Влаховиќ на 26-годишна возраст го напушти Јувентус и потпиша тригодишен договор со Бешикташ. Мохамед Салах, по девет сезони поминати во Ливерпул, се пресели во Трабзонспор
26.08.2026
Од новинар до машина за содржини: Како Фабрицио Романо ја загуби довербата на фудбалскиот свет
Италијанскиот новинар, сега креатор на содржини, од информациите за трансфери создаде медиумска империја.
23.08.2026
„Премногу е скапо“, рече Лонг, која е и директорка за инвестиции во компанијата „Палмер сквер“ (Palmer Square Capital Management). „Премногу се патува. Премногу е насочен кон фудбалот, и тоа на премногу рана возраст.“
Момент од панел-дискусијата Bloomberg Power Players
Bloomberg
Американската фудбалска федерација, според зборовите на Батсон, неодамна поминала околу една година проучувајќи ги системите за развој на млади фудбалери низ светот, пред да заклучи дека САД имаат сè што е потребно да станат една од големите фудбалски нации во светот, доколку успеат подобро да ги искористат постојните ресурси, вклучувајќи ги и јавните училишта.
„На американскиот средношколски фудбал годишно трошиме три милијарди долари“, рече Батсон. „Замислете колку академии би можеле да имаме за три милијарди долари годишно.“
САД би требало подобро да го искористат она што веќе го имаат, смета Лонг.
„Имаме толку многу делови од сложувалката“, нагласи Лонг. „Само треба да ги поврземе.“