text size
Интер Милан има нов сопственик, но не од светот на спортот, туку од самиот врв на глобалните финансии. Хауард Маркс, коосновач и копретседател на „Оуктри капитал менаџмент“ (Oaktree Capital Management), стана мнозински сопственик на познатиот италијански клуб на крајот на мај 2024 година, откако кинескиот конгломерат „Сунинг“ (Suning) не успеа да го врати кредитот од 395 милиони евра земен во 2021 година.