Премиерлигата е скапо натпреварување, во кое успехот е тешко достижен, па сè поизразена е потребата од големо задолжување за да се стигне до посакуваниот резултат. Нова група кредитори сега се обидуваат да се вклучат во оваа игра.
Во изминатите месеци клубови како Вулверхемптон вондерерс (Wolverhampton Wanderers) и Нотингем форест (Nottingham Forest), кои се борат да избегнат испаѓање во понизок ранг, зеле заеми од релативно нови играчи на пазарот на фудбалскиот бизнис – компаниите ПГИМ (PGIM Inc.) и „Аполo“ (Apollo Global Management).
Клубовите од Премиерлигата сè повеќе прибегнуваат кон задолжување откако во летниот преоден рок потрошија рекордни три милијарди фунти (четири милијарди долари) за нови засилувања. Трансферните надоместоци за врвни фудбалери сега редовно ја надминуваат границата од 100 милиони фунти, а голем број клубови планираат и проекти за реконструкција на стадионите.
Прочитај повеќе
Европските стадиони се финансираат со обврзници, во регионот со ентузијазам и кредити
Спортинг од Лисабон собра 225 милиони евра со продажба на обврзници за модернизација на стадионот и негово претворање во забавен центар.
07.11.2025
Милијардите во акционерскиот свет, ама и во спортските судски процеси - 5 вести
Ова е изкборот на редакцијата на „Блумберг Адрија“ на најважни вести за почеток на денот.
04.11.2025
Реал Мадрид ја тужи УЕФА и бара милијарди: Суперлигата се враќа на голема врата
По речиси пет години правна и политичка војна околу проектот за Суперлига, Реал Мадрид отвори нов фронт, овој пат судски.
04.11.2025
Заборавете на трофеите! Денес во спортот е најважно од каде си, а не колку победуваш
Кога НФЛ минатата недела објави продажба на малцински удели во три клуба, Џајантс, Патриотс и 49-ерс, вредностите ги надминаа сите претходни рекорди во светот на спортот.
28.10.2025
Измама од 500 милиони долари ја разоткрива финансиската нестабилност на фудбалот
Минатата недела, Вандер беше обвинет за заговор и измама за наводна измама на заемодавателите и инвеститорите на фирмата.
23.10.2025
Роналдо стана првиот фудбалер милијардер со големиот договор во Саудиска Арабија
Од сиромашните улици на Мадеира до врвот на светскиот спорт – Кристијано Роналдо стана првиот милијардер меѓу фудбалерите, со богатство што надминува 1,4 милијарда долари.
08.10.2025
За да го олесни процесот, Премиерлигата постепено изгради ексклузивен круг на банки и специјализирани кредитори што уживаат повластен пристап до клубовите што трошат огромни суми во трката за највисоката награда во англискиот фудбал.
Според документ во кој „Блумберг њуз“ имал увид, оваа разновидна група ја сочинуваат европските гиганти ХСБЦ (HSBC), „Барклис“ (Barclays) и банката „Сантандер“ (Banco Santander), како и специјализираните кредитори „Клоуз брадерс“ (Close Brothers) и „Алдермор“ (Aldermore).
Германските банки ИББ (Internationales Bankhaus Bodensee) и ОЛБ (OLB), италијанската банка „Система“ (Banca Sistema) и „Макуори“ (Macquarie) исто така се дел од групата, покажува документот. Само едно име од Волстрит – „Ситибанк“ (Citibank) – ја заокружува листата.
„Традиционалните банки често избегнуваат да им позајмуваат на фудбалските клубови затоа што ризикот го надминува нивниот биланс на состојба“, изјави Франческо Филиа, извршен директор на кредиторот „Фасанара капитал“ (Fasanara Capital). „Кога клубот ќе почне да губи, а финансиската состојба ќе се влоши, банката ризикува сериозна штета на угледот, особено ако јавноста ја обвини дека го довела до банкрот омилениот тим.
Приватните кредитни компании, еден од најбрзорастечките сектори во фудбалот, брзо го зголемуваат своето присуство во британскиот фудбал, иако сè уште не се дел од официјално одобрената група на кредитори.
Меѓу неодамна склучените значајни финансиски аранжмани се:
- Во 2023 година „Арес“ (Ares) обезбеди 500 милиони фунти за Челси (Chelsea FC), објави „Блумберг“.
- „Аполo“ на почетокот од оваа година му позајми 80 милиони фунти на Нотингем форест, на период од три години, со каматна стапка од 8,75 отсто.
- Вулверхемптон вондерерс во септември го рефинансираше заемот од 100 милиони фунти со компанијата ПГИМ по конкурентна каматна стапка, потврди портпаролот на клубот.
- „Блумберг“ во август исто така објави дека „Аполo“ и „Блекстоун“ (Blackstone Inc.) размислувале да финансираат трансфери на фудбалери.
„Реалноста е дека конвенционалното финансирање не е лесно достапно за поголемиот дел од фудбалските клубови“, вели Саша Рјазанцев, финансиски консултант на „Барнли“ (Burnley Football Club). „Кредиторите бараат исклучиво обезбедено финансирање – без разлика дали е гарантирано со централни фондови, приходи од трансфери, продажба на билети, стадиони или некоја друга имотна вредност“, додаде тој.
Bloomberg
За разлика од НФЛ (NFL) и НБА (NBA), каде што тимовите остануваат исти од сезона во сезона, англиската Премиерлига секоја година ги исфрла трите најслабо пласирани клуба во понизок и значително помалку профитабилен ранг на натпреварување. Поради тоа, позајмувањето средства на клубовите е многу покомплицирано, освен ако заемите не се обезбедени со силна гаранција.
Според правилото Д31 (D31) од официјалниот прирачник на Премиерлигата, ниту еден клуб – без разлика дали моментално е дел од лигата или од понизок ранг – не смее да им даде гаранција на своите права врз централните фондови (како што се приходите од ТВ-правата) на нефинансиски институции.
Банките што добиле одобрение од Премиерлигата, како што е банката „Система“, уживаат посебни привилегии, вклучувајќи ја и можноста формално да примаат пренос на побарувања од клубовите од лигата, меѓу кои спаѓаат приходите од ТВ-преносите и другите централни фондови. Тоа овозможува полесно одобрување кредити и ликвидни средства за клубовите, со намален ризик, бидејќи минималниот годишен приход од ТВ-преноси во Премиерлигата изнесува околу 120 милиони фунти (160 милиони долари).
ХСБЦ, „Барклис“, банката „Сантандер“, „Клоуз брадерс“, „Алдермор“, „Макуори, „Сити“ и самата Премиерлига одбија да дадат коментар.
Банките што не се на официјалната листа на одобрени кредитори сè уште можат да им позајмуваат на клубовите, но само со одобрение од Премиерлигата за секој поединечен договор, наведува анонимен извор.
Истото лице посочува дека „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.) има врски со главните акционери и инвеститори во неколку клуба од Премиерлигата и им позајмувала средства на некои од нив – меѓу кои и на Челси, Фулам (Fulham FC) и Евертон (Everton FC), иако не е на официјалната листа на одобрени кредитори.
Германската банка ИББ (Internationales Bankhaus Bodensee), специјализирана за откуп на побарувања од трансфери на клубови, доби одобрение во текот на летото 2024 година, потврди директорот Кристијан Пол. Италијанската банка „Система“ беше одобрена истата година, откако достави детални информации за својата структура, искуство во спортско-финансискиот сектор и постојните односи со одделни клубови од Премиерлигата, изјави Габриеле Гриса, раководител на секторот за забава во банката „Система“.
Гриса не откри кои клубови ја користеле поддршката на банката, но нагласи дека банката „Система“ е свесна за растечката конкуренција во областа на кредитирањето, имајќи предвид дека Премиерлигата размислува за додавање нови имиња на листата одобрени кредитори, како и зголеменото присуство на приватни инвестициски компании во овој сектор.