Илон Маск изјави дека дека „Епл“ (Apple Inc.) продолжи со рекламирањето на „Твитер“ (Twitter Inc.), што дополнително ја деескалираше војната меѓу дветенајвлијателните технолошки компании во светот.
Маск ги даде коментарите за време на разговорот на „Твитер Спејсес“ (Twitter Spaces) во саботата, додавајќи дека „Епл“ е најголемиот огласувач на социјалната мрежа. Милијардеротзборуваше повеќе од два часа од својот приватен авион за време на разговорот, кој имаше повеќе од 90.000 слушатели.
„Епл“ не одговори веднаш на барањето за коментар. Маск го критикуваше „Епл“ минатата недела обвинувајќи го за прекин на рекламирањето на „Твитер“ и се заканува дека ќе ја повлече страницата од нејзината „Еп Сторе“ (App Store). Напаѓајќи го „Епл“, Маск ризикуваше војна со највредната компанија во светот и врвен огласувач во време кога други компании се повлекуваа од маркетинг на „Твитер“.
Прочитај повеќе
ЕУ го предупреди „Твитер“ да се држи настрана од пропагандата на Путин
Пропустот во означувањето лажна или погрешна содржина може да „доведе до многу брза злоупотреба“ на „Твитер“, рече заменик-претседателката на ЕК, Вера Јурова.
01.12.2022
По масовните отпуштања, „Твитер“ со огласи за вработување
„Твитер“ вработува, според слајдови за презентација на компанијата што ги објави сопственикот Илон Маск.
27.11.2022
Загубите на Маск за првпат надминаа 100 милијарди долари
Акциите на „Тесла“ годинава паднаа за 52 отсто.
22.11.2022
Првиот човек на „Твитер“ во Франција заминува од компанијата
Се очекува продолжување на бранот отпуштања
21.11.2022
Маск побара „хардкор“ ангажман, вработените му одговорија со откази
„Твитер“ во четвртокот објави дека ги затвора своите канцеларии до понеделник, откако Маск им постави ултиматум на вработените.
18.11.2022
По неговиот налет на напади, Маск се сретна со главниот извршен директор на „Епл“, Тим Кук и рече дека двајцата имале „добар разговор“ и „го решиле недоразбирањето за потенцијалното отстранување на „Твитер“ од „Еп Сторе““. Маск рече дека Кук бил „јасен дека „Епл“ никогаш не размислувал да го стори тоа“.
Од преземањето на Маск, низа компании го прекинаа рекламирањето на Твитер, вклучувајќи ги „Џенерал Милс“ (General Mills Inc.) и „Фајзер“ (Pfizer Inc.), по неизвесноста околу тоа дали платформата ќе ги ревидира своите политики за борба против говорот на омраза и дезинформациите. Во саботата, Маск објави твит во кој им се заблагодарува на огласувачите што се вратија на „Твитер“.
Новиот пристап на „Твитер“ за проверка на сметките, исто така, им овозможи на троловите да ги имитираат главните брендови. Маск рече дека се надева дека ќе ја оживее програмата за верификација на компанијата во следната недела, откако таа беше паузирана за да се справи со измамниците.