text size
Јапонија ги поставува темелите да стане дом на најдобрите светски компании на вештачка интелегенција, изјави министерот за економија Јасутоши Нишимура пред група студенти од Универзитетот во Токио во вторникот. Тоа би значело поддршка на стартапите и големите компании, како и поттикнување дискусија вештачката интелигенција да биде основен приход, бидејќи вештачката интелигенција (ВИ) ќе придонесе за застарување на голем број работни места. „Луѓето би имале повеќе време кога дроновите, роботите, самовозечките возила и другите уреди би почнале да извршуваат многу повеќе функции како што се развива ВИ“, рече Нишимура.