Според претседателот Емануел Макрон, Франција во следните години ќе инвестира вкупно 109 милијарди евра во развојот на вештачката интелигенција. Тој ја даде изјавата пред дводневниот самит за вештачка интелигенција во Париз. Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон ја спомена претходно најавената инвестиција на фонд од Обединетите Арапски Емирати, вредна меѓу 30 и 50 милијарди евра, за изградба на нов центар за податоци во Франција.
Францускиот претседател зборуваше и за свеж капитал од американските и канадските фондови. „Брукфилд асет менаџмент“ (Brookfield Asset Management) во неделата објави дека планира да инвестира 20 милијарди евра во следните пет години во развој на центри за податоци и инфраструктура за вештачка интелигенција во Франција. Макрон ги спомена и очекуваните инвестиции од француските компании, како што се „Илијад“, „Оранж“ и „Талес“.
Макрон ги спореди вкупните проектирани износи со најавата на Доналд Трамп за проектот „Старгејт“ (Stargate), иницијатива која ги обединува најголемите американски технолошки компании и предвидува инвестиција од 500 милијарди долари во инфраструктура за развој на вештачка интелигенција во следните четири години. Макрон ја даде изјавата пред отворањето на Самитот за вештачка интелигенција, на кој присуствуваат државни и политички лидери, вклучително и индискиот премиер Нарендра Моди, и деловни лидери како Гијом Фаури, извршен директор на „Ербас“.
Прочитај повеќе
![Стартапи во регионот - кои се проблемите и какви се можностите?](/data/images/2025-02-07/76902_startap-bloomberg-adria_kf.jpg)
Стартапи во регионот - кои се проблемите и какви се можностите?
Регионалните стартап екосистеми продолжуваат да бараат начини за подобро позиционирање на глобалната сцена.
08.02.2025
![Маск вели дека дроновите и вештачката интелигенција се иднината на војувањето](/data/images/2025-02-07/76886_elon-musk-bloomberg-adria_kf.jpg)
Маск вели дека дроновите и вештачката интелигенција се иднината на војувањето
„Тековната војна во Украина веќе во голем дел е војна со дронови“, посочи Маск.
08.02.2025
![Листа: 156 најуспешни стартапи со вештачка интелигенција во Европа](/data/images/2025-02-05/76761_depositphotos-91274852-l_kf.jpg)
Листа: 156 најуспешни стартапи со вештачка интелигенција во Европа
Поширокиот европски контекст открива континент кој се бори да создаде услови за иновации со вештачка интелигенција.
07.02.2025
![Вештачката интелигенција е жедна за струја, ќе го промени ли тоа „Дипсик“?](/data/images/2025-01-28/76397_chatgpt-ai-umjetna-inteligencija-podatkovni-centri-odrzivost_kf.png)
Вештачката интелигенција е жедна за струја, ќе го промени ли тоа „Дипсик“?
„Дипсик“ го потресе енергетскиот пазар откако неговиот модел со вештачка интелигенција ги оспори долгогодишните процени за потрошувачката на енергија.
30.01.2025
![„Дипсик“ или како Кина развива своја вештачка интелигенција](/data/images/2023-12-27/50445_4058433741_kf.jpg)
„Дипсик“ или како Кина развива своја вештачка интелигенција
Со пробивот на Дипсик, се поставува прашањето дали кинескиот претседател во својата новогодишна порака алудирал токму на него.
30.01.2025
Бидејќи доминацијата на Кина во секторот на вештачката интелигенција е дополнително нагласена со развојот на нејзиниот рентабилен модел „Дипсик“ (DeepSeek), Макрон истакна дека Франција и Европа мора да го забрзаат темпото доколку сакаат да останат конкурентни. „Првата битка за европејците е инвестиции, инвестиции, инвестиции“, изјави Макрон. „Ако регулираме пред да иновираме, нема да имаме никакви иновации и луѓето ќе речат: „Европа има одлични закони, но нема играчи на пазарот“.