text size
Стаклената врата се затвора и завеса од ладен воздух се прелева преку вашата глава, врат и рамена, обезбедувајќи моментално олеснување од пеколната летна жега.
Вака изгледа да се опуштите во „До Хиемон Бокс“ (Do Hiemon Box), фрижидер од не'рѓосувачки челик кој изгледа доволно голем за да собере човек, бидејќи токму за тоа е дизајниран. Јапонскиот производител „Трaско Накајама“ (Trusco Nakayama Corp.) продал досега околу 200 од кабините што чинат 1,5 милиони јени (9.500 долари) на челичарници, градилишта, терени за голф, универзитети и објекти за разонода откако се појави во продажба пред некој месец.
Со зголемувањето на глобалните температури, летата во Јапонија стануваат потопли и повлажни, со отчитувања кои редовно надминуваат 35°C . Метеоролошката агенција на земјата мораше да смисли нова терминологија за жешки денови, додека националниот радиодифузер „НХК“ (NHK) рутински ги предупредува гледачите за ризик од топлотен удар. Во текот на сезоната, аптеките и продавниците за стоки за домаќинство ги полнат своите полици со производи во сина боја кои ветуваат разладување.
Прочитај повеќе
Третина од Американците се „топат“, летните горештини го тестираат електроенергетскиот систем
Повеќе од 134 милиони луѓе се под некаков вид предупредување или совет за топлина низ САД.
27.07.2026
Европејците избираат посебен тип на климатизери, а тоа им оди во прилог на Кинезите
Само една петтина од европските домаќинства имаат климатизација, што отвора простор за голем раст за производителите.
07.07.2026
ББА анализа: Како центрите за податоци станаа главен двигател на индустријата за климатизација
Индустријата за греење, вентилација и климатизација во последниве години е во процес на структурна трансформација.
14.07.2026
Европа се гуши во жештина: Бројот на смртни случаи во Франција се зголеми за 1.000
Континентот е под екстремна жештина, со здравствени и сообраќајни нарушувања.
28.06.2026
Зошто Европа се загрева двојно побрзо од светскиот просек?
Топлинските бранови стануваат сè почести, поинтензивни и подолготрајни низ Европа, континентот што се затоплува најбрзо во светот.
26.06.2026
Екстремни потези при екстремна жештина: Би носеле ли шорцеви на работа?
Јапонија за првпат им дозволува на државните службеници да носат шорцеви на работа, а компаниите се охрабруваат да го следат примерот како дел од борбата против сè поекстремните летни температури. Но каде е границата помеѓу лежерното и несоодветното?
29.05.2026
Направата на „Траско“, всушност висока кутија на тркала со прозорец и клупа, која што се приклучува во стандарден електричен штекер, е наменета за употреба на места без лесен пристап до климатизација. По земјотресот од минатата недела што го погоди Кумамото, компанијата испрати единици во засолништата за евакуација.
„До Хиемон Бокс“, која ја одржува температурата на 15 степени и испушта млазници воздух од 5 степени откако некој ќе седне внатре, е дизајнирана да понуди брзо олеснување од потенцијална топлотна исцрпеност или топлотен удар, наместо да служи како просторија за седење и релаксација.
„Концептот беше помалку за обезбедување место за одмор, а повеќе за обезбедување опрема што би можела да помогне да се спречи влошување на состојбите поврзани со топлината“, рече Фумијаки Мацубара, генерален директор на производната дивизија на „Траско“.
„Траско“, која има пазарна вредност од околу 1 милијарда долари и има околу 3.300 вработени, главно произведува машини и алати, како и опрема за домови и канцеларии. Компанијата добила барања за човечкиот фрижидер дури од Германија и САД, рече Мацубара.
Како што екстремните горештини стануваат сè почести, компанијата гледа потенцијална побарувачка од трговски центри, летни фестивали и други места каде што има гужви.
Построгите владини регулативи за спречување на топлотен удар додаваат импулс. „Побарувачката за нашите останати производи за ладење на работното место се удвојува приближно секоја година во последниве години“, рече Мацубара.