Италијанскиот регулатор за заштита на личните податоци соопшти дека алатката „Чет ГПТ“ (ChatGPT) на „Опен еј-ај“ и техниките што се користат за собирање податоци на корисниците ги прекршуваат законите за приватност на земјата.
Ваквиот став следи по истрагата што властите ја отворија во март минатата година за која беше известена компанијата за вештачка интелигенција.
Во својата изјава, италијанското тело рече дека „добиените елементи може да укажуваат на едно или повеќе прекршувања на регулативите на ЕУ“. „Опен еј-ај“има 30 дена да одговори на наодот.
Прочитај повеќе

„Опен еј-ај“ ќе им плаќа на медиуми за да обучува ВИ со нивните содржини
Компанијата за вештачка интелигенција (ВИ) е во преговори со „Си-ен-ен“, „Фокс“ и „Тајм“ за лиценцирање на нивната содржина.
11.01.2024

ЕУ ќе отвори истрага за врската на „Опен еј-ај“ со „Мајкрософт“
Се испитува дали вмешаноста на „Мајкрософт“ треба да биде проверена според правилата за спојување кои важат во блокот
09.01.2024

„Опен еј-ај“ разговара со издавачи за лиценцирање на нивните авторски текстови
Од „Опен еј-ај“ велат дека содржината се користи за обука на модел, и не се користи за репродукција на содржината
05.01.2024

„Њујорк тајмс“ ги тужи „Мајкрософт“ и „Опен еј-ај“ за прекршување на авторските права
Во јули „Опен еј-ај“ потпиша договор со „Асошиејтед прес“ за пристап до дел од архивите на новинската агенција.
28.12.2023