„Проџект 3 Мобилити“ (Project 3 Mobility), хрватска компанија фокусирана на создавање нов екосистем за урбана мобилност, поконкретно, која го имплементира проектот за робо-такси успешно го заврши инвестицискиот круг од Серија А, собирајќи вкупно 100 милиони евра од приватни инвеститори, се пофалиja oд компанијата.
Овој значаен финансиски потфат го привлече вниманието на водечките светски компании и инвеститори, вклучително и еден од најголемите светски инвестициски фондови, Фондот за јавни инвестиции од Саудиска Арабија, кој инвестираше за прв пат во Хрватска преку својата инвестициска филијала „Тасару“ (TASARU Mobility Investments) специјализирана за иновативни и одржливи решенија во мобилноста.
Значаен придонес во проектот имаа и јужнокорејскиот производител на автомобили „Киа“, бугарската софтверска компанија „Сајт Граунд“, хрватската ИТ фирма „Инфинум“, „Римац Група“, како и други клучни инвестиции од специјализираната инвестициска компанија „Неурон“ (Neurone) и катарската „Елаф Ауто“ (Elaf Auto).
Прочитај повеќе
Римац основа компанија за развој на револуционерни батерии
Загубите на енергија ќе се намалат до 50 проценти, на 40 отсто помала површина.
04.05.2023
Стартапот „Рола“ собра 6,3 милиони евра, Римац е главен инвеститор
Ова е најголемата инвестиција за некој стартап од фитнес-технолошката сфера во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).
04.08.2023
Римац: Уште го пишуваме првото поглавје, не е време за ИПО
Како стартап компанија, па и подоцна, бевме пред колапс или банкрот, постојано се боревме за опстанок, разкажува Мате Римац
20.05.2023
Марко Пејковиќ, извршен директор на „Проџект 3 Мобилити“ изрази задоволство од успешното затворање на инвестициската рунда, нагласувајќи дека привлекувањето водечки светски инвеститори во тешки пазарни услови ја потврдува вербата во визијата и во тимот на компанијата. Тој нагласи дека сумата што е собрана од приватните инвеститори веќе ја надминала претходната поддршка од ЕУ од 89 милиони евра, со очекувања дека приватните инвестиции дополнително ќе се зголемат додека не профункционира услугата во Загреб.
Пејковиќ ги спомена и успешните процедури и проверки што му претходеа на овој финансиски успех, вклучително и одобрувањето на грантови од ЕУ и собирањето приватен капитал. Тој изрази гордост за проектот кој има потенцијал да го револуционизира сообраќајот и да го подобри животот во урбаните средини, со очекувани придобивки за Хрватска преку лансирање на производство на автономни електрични возила и соработка со академската заедница.
Средствата собрани во оваа инвестициска рунда се наменети за понатамошен развој на проектот, изградба на специјализирана инфраструктура и проширување на тимот, што ќе биде клучно за идниот период.
Покрај успешно завршената инвестициска рунда од Серија А, потсетуваме на претходниот значаен финансиски успех на компанијата. Имено, во мај минатата година Европската комисија преку својот Генерален директорат за пазарна конкуренција одобри доделување грантови на П3М во износ од 179,5 милиони евра. Оваа поддршка беше клучна за понатамошниот развој на проектот и ја покажа силната поддршка на ЕУ за иновациите во секторот за урбана мобилност.
Поддршката од ЕУ и овозможи на компанијата детално да го оправда својот проект дека е усогласен со целите на европската зелена транзиција и да ја покаже својата додадена вредност во бројни социјални аспекти.
Како дел од проектот ќе се развие автономно електрично возило, специјализирана инфраструктура и платформа за управување со комплетна услуга. Покрај тоа, во Хрватска ќе се гради фабрика за големо производство на автономни електрични возила.
„Ова ја става Хрватска на картата на развојот на клучните технологии во иднината кои ќе донесат бројни придобивки и ќе направат значителен напредок на Хрватска во насока на дигитални и зелени технологии“, рече Пејковиќ.