text size
Обединетите Арапски Емирати побараа од француските власти пристап до уапсениот основач на Телеграм, Павел Дуров, кој е државјанин на заливската држава. ОАЕ „внимателно го следи случајот“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на земјата. Тие бараат итно да му се обезбедат „сите потребни конзуларни услуги“.