text size
Цената на природниот гас го задржа негативниот сентимент во текот на целата 2025 година. Цената на природниот гас во Европа од почетокот на годината падна за 45 проценти на 27,5 евра. Досега, во 2025 година, просечната цена изнесуваше 36,6 евра. Во втората половина од годината, таа постојано бележи пониски минимуми, секој месец, единствено скок имаше во февруари (58,4 евра) за време на грејната сезона, пред да падне за 41 проценти до средината на јули. На годишна основа, просечната цена се зголеми како последица на растечките геополитички тензии во 2025 година.