text size
Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити во денешното гостување на „Блумберг Адрија ТВ“ говореше за причините за намалување на приносите на инвестициските фондови во Македонија, слабиот интерес кај македонскиот компании за прибирање капитал преку котација на Македонската берза, за потребата од ново решение за оданочувањето на капиталните добивки и за можноста општините да се задолжуваат преку издавање обврзници.