Грците се на прво место во Европа по купувања од меѓународни онлајн продавници во 2022 година, се наведува со европското истражување на „Пејпал e-комерц индексот“ (PayPal e-Commerce Index).
Во 2022 година, 87 отсто од грчките потрошувачи купувале од меѓународни онлајн продавници, а како главни причини за тоа ги навеле најдобрата цена, поширокиот опсег на достапни артикли, како и можноста за откривање нови интересни производи.