text size
Комерцијална банка ќе распредели дивиденда во висина од над 18,5 милиони евра за 2022 година. Во согласност со предлог-одлуките што се доставени во пресрет на годишното собрание на банката, закажано за 29 март, акционерите што поседуваат обични акции ќе добијат 500 денари по акција на бруто-основа, или 50 отсто од поединечната номинална вредност на акциите.