text size
Инвестиција вредна 20 милиони евра, која треба да отвори 120 работни места, вака денеска е најавен новиот производствен капацитет на турската високотехнолошка компанија „Текнопанел“, која веќе се гради во ТИРЗ Скопје 1. Договорот за инвестицијата го потпишаа премиерот Димитар Ковачевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и сопственикот и член на Управниот одбор на „Текнопанел“, Орхан Кахвеџи.