„Фердинанд Груп“, компанијата на британската фудбалска ѕвезда Рио Фердинанд инвестира во спортската платформа „Кора Брејк“ (Koora Break) со седиште во Саудиска Арабија за да и помогне да се прошири низ Европа и Азија.
Со овој договор Фердинанд станува еден од првите странски инвеститори во спортската индустрија на Саудиска Арабија откако оваа земја богата со нафта почна да истура огромни суми за да привлече светски натпревари како Светското првенство во фудбал во 2034 година и големи играчи како Кристијано Роналдо.
„Фердинанд Груп“, инвестициска компанија за спорт и забава, основана од поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, презеде мултимилионски удел во „Кора Брејк“, според соопштението во кое не се наведени конкретни финансиски услови.
Прочитај повеќе
Дали фудбалските школи во регионот имаат шанси да создадат нов Меси?
Фудбалските школи се разликуваат по степенот на стручност на кадрите, програмите и условите за развој на таленти.
19.11.2024
Како инвеститорите гледаат на фудбалските клубови?
Кои се мотивите на фудбалските клубови да излезат на берза?
23.10.2024
Огромен потенцијал на женскиот спорт, пробиена е границата од милијарда долари
Разликите меѓу најплатените спортисти и спортистки и натаму се огромни и неспоредливи.
13.10.2024
ТВ правата го движат фудбалот, но иднината виси на конец
Премиер лигата во сезоната 2024/25 ќе собере неверојатни 2,1 милијарда евра од телевизиските права на домашните пазари.
29.09.2024
„’Кора Брејк‘ е одличен пример за тоа како спортските и технолошките екосистеми произведуваат домашни шампиони“, рече Фердинанд во изјавата. Компанијата помага да се поттикне „апетитот за поголема покриеност на фудбалот и спортот во Саудиска Арабија и поширокиот регион, што значително ќе се зголеми пред Светското првенство во 2034 година“.
Договорот има за цел да му даде на „Кора Брејк“ средства да се прошири надвор од арапското говорно подрачје и да изгради публика надвор од Блискиот Исток, а истовремено ќе помогне и на „Фердинанд Груп“ да го прошири своето присуство во регионот.
Од своето основање во 2022 година, „Кора Брејк“ порасна и привлекува 800 милиони прегледи месечно.