text size
„Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) е последната во низата компании која премина од утврдените надоместоци за платено слободно време на неограничен одмор за работниците, приклучувајќи се на растечката листа на работодавци како „Адоб“ (Adobe Inc.), „Нетфликс“ (Netflix Inc.) и „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group Inc). Додека само шест отсто од работодавците понудија неограничено отсуство, според анкетата за придобивките на вработените од 2022 година од страна на Друштвото за управување со човечки ресурси, вклучувањето на повеќе компании од висок профил наведуваат многумина да се запрашаат: дали поволноста е толку добра како што звучи и кој има најголема корист од неа?