„Леорон институт“ (LEORON Institute), компанија со седиште во Кралството Саудиска Арабија специјализирана за корпоративна едукација и EdTech, денес објави дека го назначува Ѓорѓи Груевски за Главен оперативен директор (COO). Ова назначување потврдува повеќе од 14 години негов придонес во оперативниот раст на „Леорон“ (LEORON) и ја одразува довербата на организацијата во својот европски тим, кој продолжува да игра клучна улога во нејзините глобални операции.
Со седиште во Саудиска Арабија, „Леорон“ се разви во еден од најзначајните провајдери на корпоративна едукација и EdTech решенија во регионот ГЦЦ (GCC- од англиски: Gulf Cooperation Council - политичка и економска унија на шест арапски земји што граничат со Персискиот Залив: Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати). Со повеќе од 2.000 обуки годишно предводени од инструктори и над 50.000 обучени професионалци секоја година во повеќе од 60 градови ширум светот, организацијата изгради силна репутација преку комбинирање на меѓународни академски партнерства – вклучувајќи ги „Оксфорд бизнис скул“ (Oxford Saïd Business School), „Инсид“ (ИНСЕАД), ХЕЦ Париз (HEC Paris) и „Колумбија бизнис скул“ (Columbia Business School) – со длабока регионална експертиза на пазарите во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и поширокиот Заливски регион.
Покрај силното присуство во регионот ГЦЦ, „Леорон“ одржува и долгогодишно оперативно присуство во Северна Македонија преку својата канцеларија во Скопје, со што дополнително го зајакнува својот европски досег.
Назначувањето на Ѓорѓи Груевски на позицијата COO ја одразува довербата на „Леорон“ (LEORON) во неговиот меѓународен талент и посветеноста на интегриран глобален оперативен модел, кој ја поддржува понатамошната експанзија на организацијата во Саудиска Арабија и регионот, истовремено одржувајќи долгорочно присуство во Европа.
Ѓорѓи Груевски – Главен оперативен директор (COO), LEORON Institute
Роден и израснат во Скопје, Ѓорѓи Груевски помина повеќе од 14 години развивајќи ја оперативната инфраструктура на „Леорон“ (LEORON), придонесувајќи за трансформацијата на организацијата во глобална образовна институција присутна во повеќе од 60 градови ширум светот. Дипломирал и магистрирал право, комбинирајќи силна академска основа со богато искуство во деловното управување.
Неговата кариера опфаќа високи раководни позиции во областа на бизнис развојот, генералниот менаџмент и операциите, со докажана способност за проширување на оперативните капацитети на организацијата, оптимизирање на деловните процеси и воспоставување системи кои поддржуваат долгорочен и одржлив раст.
Како главен директор на операции, Ѓорѓи ќе биде одговорен за глобалната оперативна стратегија на компанијата, со фокус на обезбедување конзистентност и извонредност низ сѐ поширокиот географски опсег на организацијата, особено на пазарите во регионот ГЦЦ и пошироко.
„Леорон преку образованието поврзува различни светови, а нашиот тим во Северна Македонија одамна е дел од таа приказна. Горд сум што ја преземам оваа функција и продолжувам да градам организација која покажува што е возможно кога амбицијата, дисциплината и вистинските луѓе се усогласени, без разлика каде се наоѓаат. Нашиот фокус сега е оперативна извонредност која ни овозможува понатамошен развој во Саудиска Арабија и ГЦЦ регионот, додека продолжуваме да се потпираме на силата на нашите тимови низ Европа“, изјави Ѓорѓи Груевски, Главен оперативен директор на „Леорон институт„ (LEORON Institute).
Ова назначување дополнително ги потврдува континуираните инвестиции на „Леорон“ во својот меѓународен тим, додека организацијата го забрзува својот раст во Саудиска Арабија, ГЦЦ регионот, Обединетото Кралство и Европа. Со Ѓорѓи Груевски на чело на глобалната оперативна стратегија, „Леорон“ е добро позициониран да го поддржи понатамошното ширење на своето меѓународно присуство, задржувајќи ја оперативната дисциплина која претставува темел на неговиот раст уште од основањето.