text size
Оваа пролет, кога Илон Маск го постави Мајкл Николс на чело на „Екс еј-ај“ (xAI), неговата компанија за генеративна вештачка интелигенција, целта беше јасна: да се достигне четботот Клод на компанијата „Антропик“. Секој пат кога Клод ќе објавеше ажурирање, Маск сакаше сопствениот четбот на „Екс еј-ај“, Грок, да биде во чекор со него. Тој сакаше корисниците на „Антропик“ да преминат на Грок кога сакаат да разговараат со четбот или кога им е потребна помош од вештачката интелигенција за нивните програмерски проекти. Многу внатрешни проекти директно го споменувале Клод, а во внатрешниот Слак (Slack) на „Екс еј-ај“ постоеле повеќе канали именувани по него, според документи во кои увид имал „Блумберг Бизнисвик“. „Нашата краткорочна цел е да се изедначиме со перформансите на Клод“, напишал Николс во допис до вработените кога станал претседател на „Екс еј-ај“, додавајќи дека нивната задача ќе биде „да го направат Грок максимално корисен“.