text size
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески имаше работни средби со менаџментот на компаниите „Кожувчанка“ ДОО Кавадарци и „Металопромет“ – Струмица. На средбите, менаџерите ја споделија загриженоста за високите трошоци за електрична енергија кои се неколкукратно повисоки и најавија дека без поддршка од државата прашање е на време кога ќе затворат.