text size
Белградската компанија „Бард-Коп“ (Bard-Kop DOO) е новиот акционер што има пет отсто од акциите издадени од градежната компанија „Гранит“. Според известувањето што до Македонската берза го испратија од домашната компанија, како и според увидот во Централниот депозитар за хартии од вредност, оваа компанија со седиште во Нов Белград сега поседува 155.346 обични акции од издавачот на хартии од вредност ГД „Гранит“ АД Скопје, кои претставуваат 5,61 проценти од вкупните акции со право на глас.