text size
Илон Маск рече дека „Твитер“ (Twitter Inc.) може да стане највредната компанија во светот на вчерашната конференцијата за инвестиции „Барон“во Њујорк, на која се појави изненадувајќи ги учесниците. Во дијалог со главниот извршен директор на „Барон Капитал“, Рон Барон, милијардерот го призна аргументот дека ја преплатил компанијата за социјални медиуми купувајќи ја за 44 милијарди долари.