text size
Десет години по основањето, српската компанија „Новелик“ (Novelic), која произведува сензори за системи за асистенција во моторните возила, доби нов мнозински сопственик. Индиската компанија „Сона Комстар“ (Sona BLW Precision Forgings Ltd.) објави соопштение во кое наведува дека за 40,5 милиони евра ќе купи 54 отсто од акциите во компанијата, основана во 2012 година од Дарко Тасовац, Вељко Михајловиќ и Веселин Бранковиќ.