text size
ЕБОР одобри кредит во износ од 1,5 милиони за Шпаркасе банка, со кој се овозможуваат средства за инвестиции во енергетска ефикасност. Финансирањето е обезбедено под Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility - GEFF) за Западен Балкан, со која се поддржуваат енергетски ефикасни решенија за изградба на позелена и поодржлива економија, соопштија денеска од ЕБОР.