Џејмс Горман од „Морган Стенли“ (Morgan Stanley) планира да се повлече од функцијата главен извршен директор во следните 12 месеци и да ја преземе улогата на извршен претседател.
„Моите и очекувањата на одборот се дека тоа ќе се случи во одреден момент во следните 12 месеци“, посочил Горман (64) во петокот, на годишниот состанок на фирмата.
„Тоа е сегашното очекување, во отсуство на голема промена во надворешното опкружување“.