text size
Еден од најбогатите Словенци, Санди Чешко најверојатно не успеал во обидот да ја спаси групацијата „Студио Модерна“ од банкрот, пренесува веб-порталот „Нецензурирано“. Кон средината на мај Чешко ги продаде брендовите на „Студио Модерна“, меѓу кои и „Топ шоп“, „Делимано“ и „Дормео“, на швајцарската компанија во сопственост на Дарко Хорват.