text size
Компанијата „Мета“ (Meta Platform Inc.) соопшти дека закрепнувањето во делот на рекламирањето ќе доведе до раст на приходите на компанијата, со најбрза стапка забележана од 2021 година. Тоа ќе му помогне на извршниот директор Марк Закерберг да ја врати поддршката на инвеститорите за неговите долгорочни амбиции. Приходите на „Мета“ би можеле да пораснат до 20 отсто во тековниот квартал, објави компанијата во средата. Ова темпо на раст гигантот на социјалните мрежи „Мета“ го немаше забележано во условите кога економијата беше слаба поради пандемијата и пред воведените промени на „Епл“ (Apple Inc.) во правилата за приватност, кои доведоа до тоа „ Мета“ да има најлоша продажба на дигитални реклами. Приходите се намалија првпат во текот на претходната година, што ги натера инвеститорите да го изгубат трпението за трошењата на Закерберг надвор од основната дејност.