text size
Социјалната мрежа „X“ поднесе тужба до американскиот федерален суд против Центарот за борба против дигиталната омраза „ЦЦДХ“(CCDH) за „незаконски дејствија“ и начинот на кој пристапувал до податоците за своите извештаи. Мрежата предводена од Илон Маск ја обвини „ЦЦДХ“ за креирање на „неточни“ анализи кои ја чинат компанијата десетици милиони долари. „ЦЦДХ“ е непрофитна организација која објавува истражување за ширење на содржини со омраза на социјалните мрежи. Една неодамнешна студија на организацијата тврди дека Твитер не одговорил на 99 отсто од содржината во која имало говор на омраза објавена од претплатниците на „Twitter Blue“, а во извештајот се наведува дека негативниот наратив против ЛГБТ+ заедницата пораснал откако Илон Маск ја презел социјалната мрежа.