text size
Една карактеристика што го издвојува „Унимог“ (Unimog), теренското возило на „Дајмлер“ наменето за екстремни услови, од конкуренцијата е неговата способност да вози директно во шумски пожар. Додека камионот се движи низ пламенот, млазниците ги прскаат предното ветробранско стакло и тркалата со вода за да ја намалат нивната температура. Специјално изолираната кабина ги штити пожарникарите од силната топлина, а отворот на покривот им овозможува релативно безбедно да ракуваат со противпожарното црево.