text size
Врховниот суд на Индија му нареди на регулаторот на пазарот да ја заврши истрагата за „Адани Груп“ (Adani Group) во рок од три месеци и одлучи дека не се потребни дополнителни истраги. Со ова најверојатно завршува едногодишната правна сага предизвикана од нападoт на шортселерот (анг. short-seller термин што се однесува на некој што продава акции што ги позајмил, надевајќи се дека нивната цена ќе падне пред да ги oткупи и врати на сопственикот, со цел да оствари профит з.п) „Хинденбург“ (Hindenburg) на индискиот конгломерат.