Тодор Анѓушев, брат на поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев стекнува контрола врз фирмите „Аквават“ и „Енерџи меинтенс солушнс“ (ЕМС).
„Аквават“ е друштво специјализирано за проектирање и имплементација на мали хидроцентрали. Друштвото изработува проекти и програми за развој, со приоритет во користењето на обновлива енергија односно во производство на хидроелектрична енергија, одржливост, управување со ресурси и заштита на човековата околина.
ЕМС се занимава со технички прегледи, испитување и анализа. Друштвото е активно во полето на изведување програми за одржување во индустријата на обновлива енергија, а работи и како инспекциско тело, изведувајќи периодични и годишни тестирања на електрична опрема и на електрани. Тодор Анѓушев во моментот е еден од сопствениците во ЕМС, тој е и управител, со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет.
Прочитај повеќе
Агелер: Има докази дека Анѓушев е корумпиран
Црната листа е обид да им се помогне на македонските власти да почнат да се справуваат со проблемите.
13.12.2023
Анѓушев ќе се жали, Агелер вели дека САД ќе додадат и други имиња на црната листа
Кочо Анѓушев испрати допис до медиумите, во кој посочува дека нема основа да биде на црната листа на САД.
05.12.2023
Кочо Анѓушев ставен на црната листа на САД
Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба
05.12.2023
Анѓушев: Непланското градење сончеви електрани не е решение за енергетската криза
За да има вистинска енергетска замена, потребни се електрани на сонце, ветер, вода и биогас, како и поставување на големи батериски системи за складирање
18.06.2023
Вусшност, двете компании се дел од групацијата „Фероинвест“ на Кочо Анѓушев. „Блумберг Адрија“ неодамна пишуваше дека тој се најде на црната листа на САД. Анѓушев се смета како генерално неподобен за влез во Америка, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија во декември минатата година од Стејт Департментот.
„Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси. Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“ се наведува во соопштението.
Како генерално неподобни за влез во САД на листата беа се ставени и сопругата на Кочо Анѓушев, Елизабета, и неговите две деца. Тој најави дека ќе се жали на ваквата одлука на САД.