text size
Стопанската комора во текот на денов ќе достави писмо до Собранието, Владата и Министерството за внатрешни работи со иницијатива да се изменат потребните закони и да се донесе времена мерка со која во државата ќе се продолжи важењето на возачките и сообраќајните дозволи до рокот до кога важат со старите обрасци. Во спротивно ќе се парализира транспортниот сообраќај во земјава, предупредуваат од Стопанската комора.