Клиентите кои сакаат да купат модели на часовници од брендот „Зенит“ (Zenith), вклучувајќи ги моделите Chronomaster Sport и Defy Skyline, сега мора да се приклучат на листите на чекање како што расте интерсот за швајцарскиот бренд.
„Имаме недостиг и има многу мали шанси да се добие еден од овие модели без долго време на чекање“, рече во интервју Џулиен Торнаре, претседател и главен извршен директор на „Зенит“, во сопственост на LVMH (Moët Hennessy Louis Vuitton).
Вложувањето во 'Ролекс' и 'Патек' поисплатливо од олдтајмери и биткоини
Моделите на „Зенит“ им се придружуваат на брендови како „Ролекс“, „Одемар Пиге“ и „Патек Филип“ каде побарувачката ја надминува понудата, принудувајќи ги клиентите да се приклучат на листите на чекање кај трговците на мало. Производителот го обнови интересот за брендот благодарение на поновите изданија како рачниот часовник Chronomaster Sport и ретро парчињата, вклучително и Chronomaster Original со основа во три бои.
„Продажбата на часовници 'Зенит' исто така се зголемува во целина“, вели Торнаре, при што продажбата во првите 7 месеци од годината е зголемена за околу 45 отсо во споредба со минатогодишните рекордни перформанси, што беа највисоки откако познатиот швајцарски бренд беше купен од LVMH во 1999 година.
„Сето ова е многу позитивно во средина која сè уште не е совршена“, рече Торнаре, осврнувајќи се на континуираните нарушувања во Кина како резултат на заклучувањето поради Ковид-19 и загриженоста за слабеење на економиите во САД и Европа.
Chronomaster Sport, хронограф придвижуван од механизмот El Primero на „Зенит“, се продава за околу 10.900 швајцарски франци (11.313 долари) и е најпродаваниот модел на компанијата.
Defy Skyline, уште еден модел со механизмот El Primero, се продава за околу 8.400 швајцарски франци. Тој беше лансиран претходно годинава, земајќи ги дизајнерските знаци како октогоналното куќиште од оригиналниот часовник првпат претставен во 60-тите.
Аналитичарите на Morgan Stanley и LuxeConsult проценуваат дека „Зенит“ имал продажба од околу 112 милиони швајцарски франци во 2021 година. LVMH не ја открива продажбата на своите индивидуални брендови за часовници, каде уште припаѓаат и „Таг Хојер“ (TAG Heuer) и „Убло“(Hublot).
Најголемата светска компанија за луксузни стоки објави заработка по денешното затворање во Париз.