text size
Градежната компанија „Бетон“, една од најголемите во земјава која беше носечка во владиниот проект „Скопје 2014“, сега е на мака да си ги наплати побарувањата за изградените барокни згради и фасади. Компанијата прикажа загуба од речиси 4 милиони евра и во првото полугодие годинава, а како причина за намалените приходи компанијата сега ги наведува раскинатите договори со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и со Народната банка. Македонската редакција на Блумберг Адриа веќе пишуваше за договорот со Народната банка за кои потврдија и оттаму. Сега „Бетон“ најавува и тужби.