„Оземпик“, или таканаречениот „волшебен“ лек на данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“ наместо како лек против дијабет станува се популарен како лек за слабеење. Резултатите се импресивни и до нив се доаѓа многу брзо, без тешки одрекувања од храна. Го имитираат хормонот, ГЛП-1 (GLP-1), кој се ослободува по јадење, го намалува апетитот и го зголемува чувството на ситост.
Во земјава „оземпик“ се продава по цена од 5.433 денари и не е одобрен како лек за слабеење. Според регистарот на лекови на Министерството за здравство, лекот не е на позитивна листа и може да се набави само со рецепт, во болничка аптека.
Се користи само за пациенти постари од 18 години со дијабетес тип 2 во случаи кога диетата и физичката активност не се доволни, пишува во упатството. Таму уште стои и дека „лекот е предмет на дополнително следење“.
Прочитај повеќе
Допрва ќе нè боли главата, поскапуваат главните состојки за апчињата
Европа е зависна од увоз на суровини од Азија.
06.11.2024
Зошто лековите за слабеење заработуваат милијарди
Продажбата на лекови против дијабетес и дебелина лани надмина 17 милијарди евра.
07.10.2024
Дали лековите за слабеење помагаат и против алкохолизмот?
Данската фармацевтска компанија „Ново Нордиск“ почнува ново истражување
14.05.2024
„Ново Нордиск“ двојно го зголемува производството на лекови за слабеење
Акциите се зголемија за околу 25 отсто годинава и речиси двојно се зголемија од почетокот на 2023 година.
02.05.2024
Нема ризик од самоубиства од лековите вегови и оземпик
Наодите ги потврди Европската агенција за лекови.
12.04.2024
Сепак, овие рестрикции не се доволни за да не се посегне по лекот за да се ослабе брзо и лесно. Лани се продаваше слободно во неколку аптеки низ земјава. По акцијата на властите, официјално лекот го нема во слободна продажба. Но може да се набави од соседните земји каде се продава по пристапни цени.
Копиите се поевтини и лесно достапни
Минатата година до македонската Агенција за лекови и медицински средства пристигна и пријава за ставање во промет на фалсификуван лек. Пријавата ја поднесе носителот на одобрение за ставање на лекот во промет
Лековите како „озепмик“, „вегови“ на „Ново Нордиск“ како и „мунџаро“ и „зепбаунд“ на американската компанија „Ели Лили“ се заштитени со патенти, така што масовното производство на генерички верзии нема да биде можно со години. Тие можат да се купат и преку интернет, но само со строга препорака на лекар.
Многу полесно е со лековите-копии кои ги содржат истите состојки и кои се достапни и онлајн. „Блумберг“ неделава пишуваше токму за ова преку случајот на Еј Џеј Џаспер, 38 годишен социјален работник кој решил дека сака инјекција за слабеење.
Џаспер открил дека е апсурдно лесно да се дојде до лекот. Сè што треба да се направи е да пополни онлајн прашалник каде што се пишуваат тежината и висината врз основа на кои се добива БМИ (индекс на телесна маса). Џаспер имал доволно висок индекс кој го квалификувал за лекот. На прашањето дали некогаш го ограничувал внесот на калории или самиот си предизвикувал повраќање, тој кликнал „не“.
Во рок од три дена на неговата врата била испорачана тримесечна терапија, копија на лекот „Вегови“. Во рок од два месеци, тој изгубил 30 отсто од својата телесна тежина, што го однело во болница и на крајот бил сместен во клиника за нарушувања во исхраната каде бил третиран поради анорексија.
Несакани ефекти
Губењето на 30 отсто од телесната тежина во случајот на Џаспер ги надминува бројките што стојат во спецификациите на лековите. Со „вегови“ се губат до 21 отсто од телесната тежина.
Лекарите каде што Џаспер бил третиран поради анорексија велат дека допрва ќе има многу вакви случаи. На клиниката во последните месеци веќе имало десетина пациенти кои добиле лекови иако не ги исполнувале условите врз основа на индексот на телесната маса и историјата поврзана со менталното здравје.
Производителите наведуваат дека лековите мора да се користат под строг надзор. „Ние веруваме дека давателите на здравствена заштита ги проценуваат индивидуалните потреби на пациентот за да одредат кој лек е вистинскиот за тој пациент“, рече Амбре Џејмс-Браун, портпарол на компанијата „Ново Нордиск“.
Производителите исто така ги наведуваат и несаканите ефекти од нерационалното земање на лекот. Може да се јави хипогликемија или ниско ниво на шеќерот во крвта, воспаление на панкреасот, оштетување на видот.
Нарушувањата во исхраната убиваат 10.000 луѓе годишно во САД
Луѓето со нарушувања во исхраната се особено ранливи кога се работи за овие лекови. Поради нивната со во овој систем, со оглед на нивната состојба честопати и лажат за да дојдат со лекот. Истражувањето меѓу специјалистите што го спроведе „Блумберг Њуз“ покажува дека кај се повеќе пациенти се појавуваат рецидиви, а забележливо е и нарушување во исхраната кое некои од медицинарите го нарекуваат „GLP-1-индуцирана“ анорексија која се јавила по земање на лекот кога не требало.
За луѓето со анорексија, лекот кој ветува брзо губење на тежината е особено опасен, велат лекарите. Нарушувањата во исхраната убиваат повеќе од 10.000 луѓе во САД секоја година.
Паралелно, се интензивираат истражувањата на ова поле. Според податоците на „Блумберг интелиџенс“, повеќе од 50 лека против дебелина, кои ги развиваат околу 40 компании, моментално се во клинички испитувања. Многу од нив се насочени кон GLP-1 и други хормони, вклучувајќи ги GIP, глукоган и амилин. Продажбата на лекови против дијабетес и дебелина надмина 19 милијарди долари во 2023 година. „Голдман Сакс“ проценува дека вредноста на овој пазар би можела да надмине 100 милијарди долари во светот до 2030 година.