Купувањето сопствено живеалиште на кредит, стан или куќа, често знае да биде доста стресен потфат. Дали ќе имам доволно за учество, дали ќе можам цело време да ги плаќам ратите, што ако порасне каматната стапка, што ако ми се случи некој несакан настан... се прашањата што обично си ги поставуваат сите што влегуваат во кредитен аранжман со банка за да го остварат својот сон.
„УНИ банка“ создадe нов продукт – станбен кредит со фиксна каматна стапка, кој ви гарантира сигурност и предвидливост од првиот до последниот чекор на патот кон сопствен дом.
- Каматната стапка е 3,9 отсто за целиот период, фиксна 12 години
Тоа значи дека добивате стабилна месечна рата, без разлика што ќе се случува понатаму со каматните стапки на пазарот. Така ја планирате својата иднина без изненадувања.
- Учество од 10 отсто
Намален е минималниот праг за потребно учество при добивањето станбен кредит. Со тоа ви се олеснува патот кон сопствен дом.
- Можност за вклучено ризико осигурување и пониска каматна стапка
Нема ништо поважно од безбедноста и сигурноста на семејството. Со комбинација на кредит и животно осигурување, ја гарантирате сигурноста на вашите најблиски во случај на несакан настан, а добивате и пониска каматна стапка. Каматната стапка за кредит со полиса за ризико осигурување на живот е од 3,7 отсто.
- Можност за одобрување и ненаменски потрошувачки кредит
Со одобрување на станбениот кредит имате и дополнителна можност да добиете и потрошувачки кредит, кој може да го искористите за различни намени: да го платите учеството, да го опремите вашиот нов стан или, пак, да го платите данокот при купопродажбата.
Повеќе информации може да добиете на 02 3111 111 или со посета во некоја од најблиските експозитури.