text size
Струшката компанија Илинден АД за една година, втор пат добива милионски државен тендер. Откако лани во октомври Јавното претпријатие за државни патишта ја одбра да го гради регионалниот пат Р2246 на делницата од Извор до Гарски мост за 23,7 милиони евра, месецов повторно истото јавно претпријатие склучи договор со Илинден АД. И повторно е вреден над 23 милиони евра или е втор најголем во историјата на јавните набавки на ова Јавно претпријатие од 2008 година. Прворангиран по вредност, пак е токму тој што беше склучен лани.