text size
„Македонски Телеком“ во минатата година оствари нето добивка од 2,53 милијарди денари (41,2 милиони евра), што е зголемување за 13,2 проценти во споредба со претходната година. Од компанијата информираа дека зголемувањето е резултат на зголемените приходи од продажба и стабилните оперативни расходи, делумно компензирано со намалените финансиски приходи кои произлегуваат од прикажувањето на објективна вредност на финансиските средства (акции во други македонски компании) искажани преку добивката.