text size
Пазарната економија носи секојдневни промени во цените на производите и услугите. Додека едни цени се зголемуваат, други паѓаат. Инфлацијата е општо зголемување на цените на стоките и услугите, а не поскапување на одделни производи. Инфлацијата ја намалува вредноста на парите во одреден временски период, како што е дефинирано од Европската централна банка (ЕЦБ). Така, за одредена сума пари денес можете да купите помалку отколку што сте можеле да купите за истата сума вчера.