text size
Додека и самата се обидував да се оддалечам од социјалните мрежи и екраните, да го намалам стресот и приливот на непотребни информации, решив да се вратам на плетењето - таа едноставна, рачно водена активност што ја совладав уште како мала. Она што требаше да биде медитативно искуство се претвори во фрустрација: прстите како да не ме слушаа, а секое движење беше несигурно, како телото да ја заборавило вештината, а мозокот повеќе да не знае да управува.