text size
Пловењето од Грција до Кипар со едрилица може да звучи како предизвик резервиран за искусни едриличари, но со професионален капетан и добра организација ова патување лесно станува комбинација од авантура, одмор и работа од далечина. Така, ние двајцата, без прецизен датум на враќање, но со компјутери и стабилен интернет, за 30 дена поминавме 610 наутички милји и посетивме 10 медитерански острови.