Свјетлан Станиќ, еден од најуспешните бизнисмени во Босна и Херцеговина, продолжува да ги поместува границите на бизнисот. Неговата компанија „Станиќ груп“ постигна значителни успеси во 2024 година, вклучувајќи го и преземањето на „Бихаќска пивара“. Тој потег овозможи зголемување на производствениот капацитет за 50 милиони литри годишно, модернизација на производствените линии и развој на нови производи во сегментите на безалкохолни пијалаци и специјализирани видови пиво.
Проширувањето на „Станиќ груп“ во последните неколку години беше дополнително забрзано со преземањето на „Мараска“ и брендовите „Сола“ и „Зала“ од Словенија, со што ја зајакна својата позиција на регионалниот пазар. Сега тие го покриваат производството на безалкохолни и силни алкохолни пијалаци и пиво, со значително зголемена конкурентност. Компанијата управува со две фабрики во Хрватска и со една во Босна и Херцеговина, со годишно производство од над 100 милиони литри.
Покрај деловниот успех, тие се издвојуваат и по својата општествена одговорност преку инвестиции во локалното производство, отворање работни места во помалку развиените региони и поддршка на образованието на вработените. Фокусот на иновациите, квалитетот и на одржливоста обезбедува значаен придонес за економскиот развој на БиХ и на регионот.