Петар Ќорлука, босанско-херцеговскиот претприемач и сопственик на компаниите „Виолета“ и „Ласта“, во 2024 година официјално ја отвори најмодерната компанија за пакување картони. Компанијата „Корспак“ (Corspack) во Груде е најмодерната фабрика за картонска амбалажа во регионот. Изградбата траеше 14 месеци, а вредноста на инвестицијата надминува 40 милиони евра. Фабриката зафаќа 30.000 квадратни метри затворен простор и има капацитет од 60.000 тони годишно. Со пуштањето во употреба на таа фабрика, Ќорлука влезе во нов бизнис-сегмент и веќе најави нови инвестиции за следната година. Планот е да се отвори трговски центар, чија изградба е веќе во тек, а потоа и изградба на хотел - сето тоа во неговото родно место. Современиот трговски центар, кој се гради на местото на поранешниот хотел „Груде“, со инвестициска вредност од над пет милиони евра, ќе се простира на седум илјади квадратни метри и ќе ги има сите потребни капацитети. Во непосредна близина ќе се гради луксузен хотел, чие идејно решение се подготвува. Хотелот ќе ја замени трошната зграда на поранешната тутунска станица што неодамна ја презеде Ќорлука.
Петар Ќорлука (БиХ) - Виолета, отстапена фотографија
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...