text size
Пациентка зела аналгетик, „ксанакс“ за смирување, нешто против алергии, па таблета против гадење – фармацевтски коктел што треба да ја замени општата анестезија. Половина час подоцна, таа беше на операцискиот стол под надзор на Карен Џин Андерсон, медицинска сестра што поминала 40 часа обука организирана од дистрибутер на опрема за липосукција. Пациентката беше подложена на операција за зголемување на градите и отстранување маснотии додека беше свесна.