Глобалниот економски раст е пред силен предизвик поради долгорочната рестриктивна политика што ја водеа централните банки низ светот во борбата со инфлацијата која забавува, но сепак останува упорна.
Очекувањата силно се одразуваат на финансиските пазари, кои со голем сензибилитет реагираат на секој нов чекор на монетарната власт.
Посведочивме на најагресивното зголемување на каматните стапки во последните четири децении, но до крајот на годинава се очекува да бидеме сведоци и на политика во обратен правец. Глобалните трендови влијаат и на движењата на македонската економија. Послабиот раст во Европа, особено во Германија, значајно се одрази на домашната економија, а следуваат и нови предизвици, кои во најголема мера се обликувани и од домашната политика, стратегиите и нашиот потенцијал.
Колкав е потенцијалот за раст на Македонија, каков квалитет треба да има тој раст и кој ќе го движи во иднина? Од што ќе биде условен? Како да го одржуваме долгорочно? Дали реалниот сектор држи чекор со напредокот на финансискиот сектор и како иновациите и технолошкиот напредок создаваат нова слика на овој простор? Ова е само мал дел од она за што ќе дискутираме на конференцијата на „Блумберг Адрија“ во Скопје: Back to Business.
Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија
Гордана Димитриеска-Кочоска, Министерка за финансии на Република Северна Македонија
Душан Митрев, Генерален директор, Пивара Скопје
Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО, Алкалоид АД Скопје
Јелисавета Лазаревиќ, Директорка за содржина, Блумберг Адрија
Марија Дуковска Павловска, Генерална директорка, Макстил
Марија Томеска, Претседателка на управен одбор, Еуролинк осигурување
Матео Мошња, Виш аналитичар на корпоративни финансии, Блумберг Адрија
Методија Мирчев, Главен извршен директор, А1
Мирослав Марчев, Управен партнер за Северна Македонија, PwC
Тони Стојановски, Претседател на управен одбор, НЛБ банка
Наташа Стојановска, Презентерка, продуцентка и тим-лидерка, телевизијата Блумберг Адрија
Александра Томиќ, Главна и одговорна уредничка на дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“ и уредничка на „Блумберг бизнисвик Адрија“
09.30 -10.00h Регистрација на учесниците
10.00 - 10.10h Отворање на конференцијата: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија
Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија
10.10 - 10.20h
Јелисавета Лазаревиќ, Директорка за содржина, Блумберг Адрија
10.20 - 10.30h Блумберг Адрија анализа:
Матео Мошња, Виш аналитичар на корпоративни финансии, Блумберг Адрија
10.30 - 11.10h Панел-дискусија: Македонскиот реален сектор: Бизнис-модел воден од новите технологии
Како функционира бизнисот во турбулентно време, какви промени му се потребни на стопанството за подобар раст на македонската економија во услови на продолжени геополитички тензии, ги следиме ли светските трендови и колку македонските компании се во тек со новите технологии? Ова е само дел од прашањата за кои дискутираме на овој панел.
Модератор: Наташа Стојановска, Презентерка, продуцентка и тим-лидерка, телевизијата Блумберг Адрија
11.10 - 11.30h Кафе пауза
11.30 - 12.10h Панел-дискусија: Пристап до пари во услови на глобални промени, кој го финансира растот?
Придружете ни се да разговараме за перспективата на економијата низ призмата на финансискиот сектор. Што по периодот на високи камати? Кoи се можностите за иден напредок на овој сектор во амбиентот што го обликуваат новите технологии?
Модератор: Александра Томиќ, Главна и одговорна уредничка на дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“ и уредничка на „Блумберг бизнисвик Адрија“
12.10 - 13.05h Networking
Го задржуваме правото да ја измениме агендата
Регистрирајте се и прочитајте пет статии бесплатно!